Обвинителството и полицијата за денеска, во 9.30 часот закажаа прес-конференција
Тројца осомничени ноќеска завршија во Истражниот затвор во Шутка под сомнение дека се вмешани во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Мерката која им е изречена е притвор од 48 часа.
Првоосомниечн е во бегство, и е недостапен за полицијата. Јавното обвинителство вчера доцна потврди дека таткото ноќеска бил на разговор во полиција.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Оснвнотo јавно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а зарди постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело – соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.
Во текот на ноќта, во полициска станица беше повикан и Александар, татко на киднапираната и убиена Вања. Засега за него не се бара притвор. Таткото го пријавил исчезнувањето на девојчето, втор, околу 11 часот во понеделник откако истото го сторила и мајката, рано утрово откако девојчето не стигнало во школо. За него засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата.
Воедно, во околината на Велес е пронајдено и телото на Панче Жежовски (74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, а работел како бербер во градот.
„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, утврдено е дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, се вели во соопштението на обвинителството.
Еден од тројцата осомничени за учество во убиствата на 14-годишната Вања и на 74-годишниот Панче, додека беше носен од полицијата во зградата на Кривичниот суд за распит беше пречекан од новинарите. Тој на прашање дали го извршил убиството одговори со „не“. Еден час по него, во судот беше донесен уште еден осомничен за двете убиства. Полицијата го внесе преку гаражата, а пред новинарите се појави од внатрешната страна на скалите преку кои полицајците го однесоа кон првиот кат.
Вања исчезна пред 6 дена, во понеделникот, кога околу 7.30 часот излегла од својот дом во близина на Градскиот парк за да оди на училиште. Мајката го пријави исчезнувањето еден час подоцна, откако класниот раководител ѝ јавил дека девојчето не е стигнато на училиште.
Во потрагата се вклучи и Интерпол, a МВР формираше и стручен штаб. Во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.
Телата на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жеѓовски се на обдукција.
Цели седум дена траеше потрагата по 14-годишното девојче, кое според соопштението од Обвинителството и од МВР било убиено само неколку часа по киднапирањето.