Здравствените власти објавија дека во Велика Британија е откриен првиот случај на вирусот Х1Н2 кај човек и тоа во нова форма.
Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА) објави дека ги следи контактите блиски до заразеното лице, со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот, пренесе „Танјуг“, повикувајќи се на британските медиуми.
Во оваа фаза, не се знае колку е пренослив сојот или дали ќе доведе до други случаи, но овој случај не е генетски поврзан со претходниот, кој беше регистриран во 2005 година и од кој се заразија околу 50 луѓе во светот.
УКХСА ја извести Светската здравствена организација (СЗО) за случајот, додавајќи дека вирусот е сличен на оние што циркулираат кај свињите во Обединетото кралство.
Заразената, која не е идентификувана, имала поблаги симптоми и закрепнала откако била хоспитализирана, но не е познато дали била во контакт со свињите, пишува „Гардијан“.
Не е познато како дошло до инфекцијата, а истрагата се уште е во тек.
Британските медиуми забележуваат дека на сите контакти ќе им бидо понудено тестирање и по потреба ќе се советуваат за дополнителна нега, доколку имаат симптоми или позитивен тест.
УКХСА, исто така, презема чекори за зголемување на надзорот во рамките на постоечките шеми на здравствениот систем, кои ги вклучуваат и ординациите по општа пракса и болниците во Северен Јоркшир.