Фото: З.А

Во присуство на голем број ученици од локалните училишта, денес во Домот на културата во Македонски Брод беше отворена изложба на дела создадени на осмата Младинска керамичка работилница што летово работеше во најгрнчарското село во земјава Вранештица. Повеќе од 50 уникатни изработки беа претставени на оваа иаложба, а учениците покажаа исклучителен интерес за начинот на нивново создавање. Изложбата во Македонски Брод ќе биде отворена до наредниот петок-потврди директорката на Домот на културата, Милена Стојческа.

-Добрата соработка помеѓу нашиот Дом на културата и Центарот на култура во Кичево е продолжена и со гостување на дела создадени на Младинската керамичка работилница што летово по 8-ми пат работеше во село Вранештица. Околу 50 изработки беа претставени пред учениците и останатите присутни на ова отворање. Пријатно сме изненадени од интересот на нашите ученици кои беа длабоко заинтересирани за начинот на кој се создаваат овие изработки од нивните врсници од кичевските средни училишта. Оваа уникатна изложба пред љубителите на уметноста од Македоснки Брод ќе биде отворена во наредните осум дена – истакна директорката Стојческа.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура за 2023 година. Овие дела се очекува да бидат претставени и на изложба што треба да биде отворена во следниот период во главниот град.

З.А