Војската на САД изврши воздушни напади врз складиште за оружје во источна Сирија што го користат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и неговите сојузници, соопшти Пентагон.
– Овој прецизен напад за самоодбрана е одговор на серијата напади врз американскиот персонал во Ирак и Сирија од страна на членовите на ИРГЦ – рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, според „Си-ен-ен“.
Тој додаде дека нападот го извршиле два борбени авиони Ф-15.
Остин истакна дека за администрацијата во Вашингтон нема поголем приоритет од безбедноста на американскиот персонал.
Вооружено беспилотно летало вчера ја нападна базата Ал Харир во северен Ирак, каде што се стационирани американските сили.
Вооружено беспилотно летало синоќа ја нападна базата Ал Харир во северен Ирак, каде се стационирани американските сили, јавија британските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.
Според нив, во амбасадата на САД во Багдад се огласиле сирени за воздушен напад, но засега нема информации за жртви.
Американските и меѓународните сили со седиште во Ирак и Сирија се во состојба на готовност во последниве недели по десетици напади врз нивните бази по избивањето на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Милитантната група Исламски отпор во Ирак ја презеде одговорноста за повеќето напади, велејќи дека тие се одговор на американската поддршка за Израел во неговата војна против Хамас.