Фото: Пиксабеј

Дигестивниот систем е неверојатно сложен систем составен од голем број микроорганизми. Затоа, важно е да се внимава на симптомите на нездрави црева, за навреме да се реагира и што побрзо да се реши здравствениот проблем.
Иако некои од овие микроорганизми се штетни, повеќето од нив се корисни за здравјето на луѓето. Има дури 500 различни видови од нив, а тие директно влијаат на нашето расположение, имунолошкиот систем и на менталното здравје. Постои дури и врска помеѓу нив и кожните состојби, ракот и автоимуните нарушувања.

Проблеми со стомакот

Дисфункцијата на цревните бактерии се нарекува дисбиоза и може да предизвика неправилно варење или елиминација на храната. Дисбиозата може да предизвика запек, непријатност, абдоминален оток, гасови и надуеност. Гасовите и чувството на надуеност се показател дека не се произведува доволно стомачна киселина, па храната ферментира во желудникот. За некои луѓе, дисбиозата може да доведе до развој на синдром на нервозно дебело црево (ИБС) или рак на дебелото црево.

Нетолеранција на храна

Дисбиозата може да предизвика и алергии на храна и нетолеранција на храна. Тие се разликуваат од труењето со храна, каде што високите нивоа на бактерии или вируси во храната предизвикуваат телото да ја исфрли опасната храна. Со алергија на храна, човекот покажува секакви реакции кога консумира одреден вид храна. Од друга страна, со нетолеранција на храна, телото на човекот не може правилно да свари одредена храна, што ги предизвикува претходно споменатите состојби како гасови, запек, надуеност и слично.

Желба за шеќер

Цревните бактерии лачат протеини што по природа се слични на лептин и грелин, кои се хормони што го регулираат гладот. Овие бактерии влијаат на расположението и апетитот. Значи, ако постојано јадете здрава храна, ги храните добрите бактерии што се развиваат на нив, па со текот на времето сѐ повеќе сте склони кон здравата храна.

Нагли промени во тежината, лош здив, недостиг од витамини

Цревните бактерии влијаат на начинот на кој се апсорбираат хранливите материи од храната, се апсорбира шеќерот и се складираат мастите. Овие три параметри имаат директна врска со тежината. Ако некое лице губи тежина без причина, може да страда од состојба на прекумерен раст на бактериите во тенкото црево. Лошиот здив е предизвикан од бактерии што се наоѓаат во непцата, помеѓу забите и јазикот. Меѓутоа, промените во цревните бактерии може да укажуваат на бубрежна болест и слабо контролиран дијабетес, кои предизвикуваат лош здив. И покрај здравата исхрана, некои луѓе покажуваат недостиг од витамини, а причината за тоа е нерамнотежа во цревните бактерии. За недостигот од магнезиум, витамините Б7, Б12, Д и К се виновни цревните бактерии.

Фото: Пиксабеј

Алергии

Оштетеното црево од нездрава исхрана може да предизвика алергии на храна и губење протеини. Ова може да предизвика кожни заболувања како што се егзема, розацеа, акни, исип и псоријаза. Рецензија од истражување објавена во списанието „Фронтиерс ин мајкробајолоџи“ покажа дека неурамнотежените цревни бактерии можат да ги предизвикаат сите три типа алергии: алергии на кожата, алергии на храна и респираторни алергии.

Автоимуни состојби

Здравите црева се од суштинско значење за добар имунитет бидејќи речиси 70 проценти од имунолошкиот систем се наоѓа во цревата. Кога цревата не се во рамнотежа, тоа предизвикува голем број состојби како што се воспаление и автоимуни нарушувања.
Некои од цревните бактерии произведуваат токсини што предизвикуваат воспаление и предизвикуваат некои од горенаведените состојби како што се чувствителност на инсулин, егзема, абдоминална болка, запек, синдром на нервозно дебело црево и мигрена.