Фото: Пиксабеј

РАКОМЕТ

Македонската репрезентација во третиот меч го совлада организаторот на кадетското ЕП 2024, Црна Гора, со 28-20. Трофејот го освои Египет, кој во дуелот за првото место ја совлада Романија, со 36-25
Машката кадетска репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години го освои третото место на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“. Турнирот, кој се играше во романскиот град Плоешти, со учество на четири селекции, послужи и за што подобра подготовка за претстојните квалификации за пласман на Европското првенство (ЕП) во Црна Гора во 2024 година.
По двата пораза во почетокот на турнирот од селекциите на Египет (21-35) и на Романија (23-28), македонските ракометари во последниот натпревар го совладаа организаторот на ЕП 2024, Црна Гора, со 28-20. Победата се насетуваше уште по првите 30 минути, кои црвено-жолтите надежи ги добија со убедливи 19-6. Трофејот го освои Египет, кој во дуелот за првото место ја совлада Романија, со 36-25, прикажувајќи одлична техничко-тактичка игра во спортската сала „Брази“.
Квалификациите за ЕП 2024 е предвидено да се играат во периодот од 4 до 8 јануари в година, во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје, а Македонија ќе игра со Швајцарија, Словачка и со Косово. Најдобрите две селекции ќе обезбедат виза за настап на ЕП 2024. Г.И.