Израелската полиција издаде „појаснување“ по извештаите дека нема да дозволат протест поради неуспесите што доведоа до нападот на Хамас на 7 октомври да се одржи вечерва пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Цезареја, јави Тајмс оф Израел.
-Израелската полиција го смета правото на протест за камен-темелник на една демократска земја – се вели во соопштението и се додава дека демонстрациите мора да се одржат во согласност со законот и какви било упатства од Командата на Домашниот фронт.
Претходно, полицијата соопшти дека нема да се дозволи протест пред домот на Нетанјаху. Оттаму укажаа дека ќе ги растераат сите такви демонстрации бидејќи „не се дозволуваат демонстрации за политички или безбедносни прашања за време на војна“.