По повод одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација на Владатa положи цвеќе и оддаде почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.
Во делегацијата беа националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и Драган Василевски, советник за одбрана на премиерот.
– Република Северна Македонија денеска го чествува 23 Октомври како симбол на стремежите за сувереност и државност, но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност – наведува Владата.