Според Птоломеј, а тој се повикува на информациите добиени од Марин Тирски (околу 70-130), картограф и географ од Тир во Феникија, трговска експедиција од територијата на Римското Царство предводена од Маес Титијан (Μάης Τιτιανός), идентификуван како Македонец, отпатувала далеку на исток по Патот на свилата, доаѓајќи до месноста наречена Камена Кула, од каде што Маес ги испратил своите помошници во централните делови на Кина. Оваа „Камена Кула“ вообичаено се идентификува со локалитетот Ташкурган, сместен на југозападот од денешната најзападна кинеска провинција Шинџјанг, близу тромеѓата на Кина со Таџикистан и Авганистан, пишува Игор Радев, филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик.
Утре (19 октомври 2023 година), во печатеното издание на „Нова Македонија“ ексклузивно ќе го објавиме истражувањето на Радев.