Успешно реализиран меѓународниот детски фестивал „Ѕвездички“
Заврши уште едно издание на интернационалниот фестивал „Ѕвездички“, на кој годинава на сцената во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп настапија 21 учесник од: Македонија, Казахстан, Унгарија, Црна Гора, Шведска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Маврициус…
Децата во различни категории пееја за љубовта, за денови и ноќи, за ѕвездите, танцувањето, за песната…
Сите беа одлични на сцената, но сепак најдобра беше Маша Миловановиќ од Србија, која освои гран при на фестивалот за одличната изведба на „Песна за морето“.
Со први награди се закитија македонскиот претставник Димитар Иваноски, кој ја исполни песната „Како магија“, Унгарецот Јено Буранич („Научи да попушташ“), претставничката од БиХ Милица Думаноски („Мојот ангел“) и Малика Куанжанова од Казахстан („Иста грешка“).
Освен што настапија на фестивалот учесниците се дружеа и забавуваа, претставувајќи ги своите земји, но стекнувајќи и нови пријателства.