Деновиве започна долгоочекуваната изградба на два моста во село Преглово, општина Пласница. Локациите каде што се градат мостовите беа критични точки, реката често се излеваше, предизвикуваше штети и рушење на главниот пат за Горно Преглово и затоа изградбата на овие мостови беше неопходна.
-Со овие проекти ќе се овозможи заштита на патот а поголем број семејства од ова село ќе можат безбедно да ја преминуваат реката. По завршувањето на двата моста жителите на село Преглово бргу ќе ги увидат благодетите од нивната изградба – вели градоначалникот Алија Јаоски.
Инаку градоначалникот напомна дека во полн ек е изградба на втората фаза од канализациската мрежа во дел од село Пласница, со што целосно ќе се заокружи проектот со пречистителната станица за исфрлање на фекалните отпадни води во реката Треска со 99 проценти чистота. З.А.