Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

Не треба да трошите многу пари на производи за нега на кожа. Можете сами да направите ефикасен лосион од природни состојки, според грчки рецепт стар 2.000 години. Овој препарат е фантастичен за нега на кожата на лицето, но е и ефикасно средство за отстранување шминка.

Потребни состојки:

1 лажица мед
8 лажици рендан пчелин восок
200 милилитри бадемово масло
половина чаша вода од роза

Постапка:

На тивок оган растопете ги медот, восокот и бадемовото масло. Кога сѐ добро ќе се стопи, тргнете ја смесата од оган и оставете ја да се излади, но не целосно. Во топлиот восок капка по капка додавајте ја водата од роза со постојано мешање. Кога лосионот добро ќе се измеша, истурете го во стаклени тегли, кои ќе ги затворите дури кога препаратот целосно ќе се излади.