КОШАРКА

Интерконтиненталниот куп на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) почнува денеска во Сингапур, а во конкуренција на шест екипи Европа ја претставува германскиот Телеком баскет Бон, победникот на Лигата на шампионите (ЛШ). Телеком баскет Бон е во групата Б, во која се и Жеџианг голден булс од Кина и Ал Манама од Бахреин, а во групата А се Ал Ахли од Египет, НБА Г-лига од САД и Сеси Франка баскет од Бразил. Победниците на групите ќе играат во финалето в недела. Ова е 33-то издание на Интерконтиненталниот куп на ФИБА, кој се игра од 1966 година, титулата во претходното издание ја освои Леново Тенерифе од Шпанија, а најмногу трофеи освоил Реал Мадрид од Шпанија, пет. Н.М.