Поранешниот шампион во Формула 1, Најџел Менсел, продава на аукција повеќе од 300 предмети што претходно биле сместени во неговиот музеј во Џерси, објави „Би-би-си“. Онлајн аукцијата е составена од цела низа лични предмети што се однесуваат на неговата тркачка кариера, како 32 тркачки кациги, 78 бејзбол-капи, 50 тркачки костими, повеќе од 200 трофеи и награди, отворени и неотворени шишиња шампањ предадени за победите на трките на Менсел…
Неговата „кацига за победа во Ф1“ би можела да достигне цена од 50.000 фунти, а понудите за неговата регистарска табличка „5 НМ“ би можеле да достигнат 60.000 фунти, пишува „Би-би-си“.
– Колекцијата е многу лична за мене. Тоа е, накратко, материјална манифестација на најзначајните моменти од мојата кариера и претставува сѐ за што работев од моите тинејџерски години до крајот на мојата тркачка кариера – рече за аукцијата светскиот шампион од 1992 година.
Сите предмети се продаваат онлајн преку „Сотеби“ од 4 до 11 октомври.