Ликовна работилница на темата „Македонија земја на цвеќето, земја на мирот“

Фотовест

Живко Поповски–Цветин во четвртокот реализира ликовна работилница со наслов „Македонија земја на цвеќето, земја на мирот“ со децата од скопското ОУ „Љубен Лапе“.
Заедно со учениците од дневниот престој во училиштето и нивниот одговорен наставник, непосредно пред празникот 8 Септември, Цветин твореше на темата „Цветна Македонија“.
Тие вредно ги осликуваа листовите со цветови за својата татковина.
На крајот падна договор за нова средба, а на својата веб-страницата одговорните од ООУ „Љубен Лапе“ му се заблагодарија на Цветин за посетата.
– Нам ни останува да се восхитуваме на неговите дела и во име на сите во училиштето да му заблагодариме бидејќи нѐ удостои со својата посета и несебично ги сподели знаењето и умешноста со нашите ученици – напишаа на својата веб-страница одговорните од ООУ „Љубен Лапе“.