При акциска контрола за откривање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето или го злоупотребуваат туристичкиот престој, во угостителски објекти на улиците „Беличица“, „Мара Угринова“, „29 Ноември “, и „Борче Јовановски“ во Гостивар, синоќа биле пронајдени 14 албански државјанки на возраст од 17 до 57 години.
Полицијата синоќа спровела акциска контрола и во угостителски објекти во гостиварските села Чајле, Форино, Чегране, Неготино-Полошко, Дебреше и Добридол, при што се откриени вкупно 28 албански државјани со нерегуларен престој во нашата земја.
Лицата се приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и радмисија за натамошна постапка.