ЏУДО – БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ

Катерина Ацевска (тежинска категорија над 78 кг) во поединечна конкуренција на првиот натпреварувачки ден и мешаниот репрезентативен тим на Македонија на вториот натпреварувачки ден се закитија со бронзени медали на Балканското првенство за сениори во џудо, кое викендов се одржа во Пеќ. Екипниот мешан тим настапи во состав: Андреј Симоноски (до 73 кг), Кристина Мантароска (до 70 кг), Андреј Чакаровски (до 90 кг) и Катерина Ацевска (над 70 кг).

Репрезентативците ги предводеше селекторот Горан Мицкоски, македонски претставник од судиската организација беше Томе Јосифоски, додека претседателот на Џудо-федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, учествуваше на состанокот на Извршниот одбор (ИО) на Балканската џудо-асоцијација, на која е и потпретседател, а се одржа во рамките на оваа Балканијада. Г.И.