Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач не може ниту да ја потврди, ниту, пак, да ја демантира објавата на фејсбук-профилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски дека се наоѓа во Унгарија каде побарал политички азил.
-Ние не можеме да коментираме индивидуални барања за азил кои се уште се во процес на обработка, изјавил Ковач за Ројтерс.