УТРЕ ТРКА ВО ХОЛАНДИЈА

Формула 1 (Ф1) се враќа од својата летна пауза, а возачите се подготвуваат за трката за големата награда на Холандија утре. Макс Ферстапен, двократниот светски шампион, се обидува да го израмни рекордот на Себастијан Фетел од девет последователни победи на домашна трка. Неговиот тимски колега од Ред Бул, Серхио Перез, ќе се обиде да се врати во кругот на победниците, пишува Ф1. Ферстапен води со 314 бода, а потоа се Перез со 189, Фернандо Алонсо со 149, Луис Хамилтон со 148… На патеката „Зандворт“ првпат гранпри-трка се возела во 1952 година.