По завршувањето на одлично организираниот натпреварувачки дел на европскиот џудо-куп „Скопје 2023“ изминатиов викенд, денеска, пак, ќе заврши и тридневниот европски џудо-камп, кој се одржува исто така во СЦ „Јане Сандански“, каде што беа реализирани и натпреварувачките борби.
– Овој тренинг-камп се одржува на принцип по две тренинг-сесии дневно со учество на околу 80 џудисти од Србија, Грција, Лихтенштајн, Грузија, Америка, Естонија, Норвешка, Саудиска Арабија,Финска, Германија и домаќинот Македонија. Ова истовремено е и одлична можност за размена на искуства, соработка и дружење, како меѓу спортистите така и меѓу стручните лица – вели селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Дејан Мицкоски.
Тренинг-кампот го предводат македонските селектори Александар Фузевски (јуниори) и Дејан Мицкоски, а во координација со своите колеги од наведените држави. Г.И.