Ајде да видиме

Првиот чекор во правењето грамофонска плоча е да се направи празна плоча, а тоа се изведува со леење на пластичната смеса на поливинил хлорид (PVC) во кружни калапи. Потоа се врши дополнителна обработка со хемикалии, плочата да стане поотпорна.
Звукот што го слушаме го создаваат брановите што се шират треперејќи во воздухот. Значи, при снимањето на грамофонската плоча прво треба да се „фатат“ тие бранови и да се претворат во струја, која ќе трепери на сличен начин. Струјата потоа се пушта преку апарат за правење тенки вдлабнатини со игла, која благодарение на јачината и треперењето на струјата, во пластиката прави подлабок или поплиток засек (жлеб) и така се создава физички отпечаток на песната.
Кога ја пуштаме плочата, ставаме грамофонска игла за читање на вдлабнатините. Иглата трепери на нерамнините во длапката, а тоа повторно
се претвора во струја, која ја поттикнува мембраната на звучникот да вибрира, одново создавајќи звучни бранови што ние ги слушаме како музика!