На булевар „Александар Македонски“ во Скопје вчера автомобил удри во 43-годишна жена од Демир Хисар.
Од МВР информираат дека 29-годишниот скопјанец А.Д. управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки удрил во С.Ц.(43) од Демир Хисар.
По незгодата со возило на брза помош С.Ц. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.