Ни претставува особена чест и задоволство да ве информираме дека Шпаркасе Банка ќе биде вашиот партнер и поддршка во процесот на имплементација на Законот за студентски оброк во согласност со нефинансискиот Договорот склучен со Министерството за образование и наука.
Исплатата на студентскиот оброк за оваа студентска година ќе се врши преку специјална кобрендирана картичка, која за оваа намена Шпаркасе Банка ќе ја издаде во соработка со Министерството за образование и наука на платежна платформа на Виза. Овој картичен продукт ќе обезбеди наменско користење на доделените средства во дневен износ од 140 МКД, за купување приготвена храна и прехранбени производи, а студентите ќе може да ја користат од понеделник до сабота (исклучувајќи државни празници), кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи. Наменската картичка ќе биде единствено средство преку кое студентите ќе можат да користат субвенциониран студентски оброк, поради што и е важно секој студент да ја подигне навремено.
Шпаркасе Банка ги охрабрува сите студенти да се пријават на јавниот повик што за оваа намена е објавен денеска (1.8.2023 г.) од страна на Министерството за образование и наука (за бруцошите на 1.10.2023 г.). Министерството ќе ја спроведе постапката преку специјална онлајн платформа, преку која ќе имаат можност да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државните и на приватните универзитети според насоките што се објавени на официјалната веб-страница https://mon.gov.mk/content/?id=6256.
По завршување на повикот, Банката ќе контактира со селектираните студенти, на податоците за контакт (мобилен телефон / имејл-адреса) кои за оваа намена ќе бидат споделени на онлајн платформата на Министерството, со цел да добијат конкретни насоки околу понатамошните активности.
Банката ќе лансира и сопствена онлајн платформа преку која ќе треба да извршите ажурирање на вашите лични податоци, со цел да обезбедиме непречено и брзо обезбедување на сите законски предуслови за добивање на картичките.
Доставата на картичките ќе се одвива во текот на септември, за што секој студент ќе добие навремена информација за местото и за времето на подигнување на сопствената картичка.
За сите дополнителни информации, ве молиме да се обратите на имејл-адресата:
[email protected].
Следете нè на нашата веб-страница https://sparkasse.mk за целосна информираност околу сите активности што ќе ги организира Банката.
#ВерувајВоИднината