Вечерва, во пресрет на големиот национален празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, во револуционерното Крушево, се поклонуваме и оддаваме почит на нашите основачи, нашите херои, нашите револуционери кои го трасираа патот за автономна македонска држава, дом, огниште за сите, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фесјбук-профил.
– 10-те дена Крушевска Република се симболот на нашиот непокор, самобитност, борба за слобода и токму затоа, изразуваме најдлабока благодарност на илинденците, чие визионерство за слободна, демократска, независна држава, но и храброст и одлучноста да стојат гордо пред предизвиците, посветени на трајно сочувување на нашиот идентитет, култура и јазик, продолжува да живее и денес. Нивната лична жртва со која ја платија нашата слобода е аманет и инспирација за сегашните и идни генерации да истраеме обединети во стремежот за градење на силна, просперитетна и европска држава. Честит и вековит да ни е Илинден – Огниште на татковината! – истакнува Ковачевски во објавата.