Германската полиција соопшти дека по тврдење на девојка дека била силувана во воз полн со фудбалски навивачи, ги проверила сите 750 патници од тој воз.
Полицијата во градот Висбаден соопшти дека силувањето било пријавено вчера и оти 19-годишната жртва на силувањето, се симнала од возот во Флерсхајм.
Возот продолжил понатаму, а полицијата ги проверувала сите патници кои излегувале од него на следните станици.
Полицијата го идентификувала осомничениот, но засега нема уапсени, јави ДПА. Во возот биле голем број навивачи на Борусија Мехенгладбах кои се враќале од Минхен каде нивниот клуб играл против Баерн.