Нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон Македонија и се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, особено нејзиниот источен дел, како и Кумановскиот регион, предупредува ЦУК.
Оттаму велат дека истата е проследена со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и можна појава на град.