Украина почна да користи касетна муниција, која и беше доставена од САД, против руските сили на југоистокот на земјата, објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани украински претставници, пренесе МИА.
Според американскиот весник, украинската армија користи касетна муниција против добро утврдените позиции на руската армија, поради што е прекината летната контраофанзива.
Украинскиот полковник Олександр Бакулин оваа недела изјави дека на Киев му е потребна касетна муниција за да „нанесе максимална штета на непријателската пешадија“.
Податоците на Обединетите нации покажуваат дека Русија веќе употребила касетна муниција во населени области на Украина 24 пати од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
Употребата на касетни бомби е забранета во повеќе од 100 земји според Конвенцијата за касетна муниција.
Меѓутоа, Украина, Русија и САД не се потписници на Конвенцијата.