Фото: Игор Бансколиев

Форумот на светските лиги објави заклучоци од истражувањето на разни теми, па на пример повеќето членки биле за тоа само капитените да може да зборуваат со судиите, во врска со задржувањето време на мечевите поддржани решенија се точно да се одредува дополнителното време, санкции за играчите што симулираат, спроведување на правилото за голманите за држење на топката од шест секунди, потоа поддршка за тестирање „самоизведени“ слободни удари, поддршка за дополнителна замена во случај на сомневање на потрес на мозокот…

ФУДБАЛ – ИСТРАЖУВАЊЕ НА ФОРУМОТ НА СВЕТСКИТЕ ЛИГИ

Поголемиот дел глобални фудбалски лиги сакаат дијалогот помеѓу судиите и видеопомошниот-судија (ВАР) да се емитува од радиодифузерите, покажа истражување на Форумот на светските лиги, кој има над 44 членки од целиот свет. Премиер-лигата беше меѓу 41-та лига анкетирани од Форумот на светските лиги, со кој претседава Ричард Мастерс од Премиер-лигата. Дваесет и пет од анкетираните лиги рекоа дека се за тој предлог. Тоа доаѓа откако речиси две третини од гледачите изјавија дека се против употребата на ВАР во англискиот фудбал, пишува „Би-би-си“.
Законодавното тело на фудбалот, Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации (ИФАБ), во моментов не дозволува телевизиската публика да го слуша разговорот.
Истражувањето на гледачите во Англија, од кое резултатите беа објавени во јуни, покажа дека 63,3 отсто биле против системот ВАР, а 79,1 проценти од гледачите го оцениле своето искуство со ВАР како лошо или многу лошо, а тоа е во спротивност со истражувањето од 2017 година на Здружението на фудбалски навивачи, пред воведувањето на ВАР, кое покажа дека 74,6 отсто од гледачите се залагаат за користење ВАР за да ги поддржат официјалните лица на теренот при донесувањето важни одлуки за време на натпреварите, пишува „Би-би-си“.
Форумот на светските лиги објави и заклучоци од тоа истражување на разни теми, па на пример повеќето анкетирани членки биле за тоа само капитените да може да зборуваат со судиите, во врска со задржувањето време на мечевите поддржани решенија се точно да се одредува дополнителното време, санкции за играчите што симулираат, спроведување на правилото за голманите за држење на топката од шест секунди, потоа поддршка за тестирање „самоизведени“ слободни удари, поддршка за дополнителна замена во случај на сомневање на потрес на мозокот…
Форумот на светските лиги е основан во 2016 година и има 44 членки, професионални фудбалски лиги, од кои 20 домашни првенства од Европа. Н.М.