Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој рекол дека го поддржува руското раководство во справувањето со бунтовничката приватна платеничка армија „Вагнер“ – се вели во соопштението од Кремљ, пренесе „Ројтерс“.
Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател се наведува дека Ердоган му рекол на Путин да дејствува во „духот на здравиот разум“.
Забележано е дека двајцата претседатели разговарале за неодамнешните настани во Русија, а Ердоган му рекол на Путин дека Турција е подготвена да направи се за да помогне да се изнајде мирно решение за ситуацијата.