Како што минува времето, руско-украинската војна добива сѐ посериозна и повеќеслојна димензија, вовлекувајќи го светот во вител надолу. Војната го доби атрибутот „регионален судир со глобални последици“. Факт е дека војната удри со несогледливи последици за Европа и Азија, но и за остатокот на светот, и има сѐ пожесток севкупен импакт на низа полиња: економско-финансиското (прекинати синџири на снабдување, деиндустријализација, инфлација, ризик од осиромашување на населението итн.), на полето на енергетското производство и снабдување, трговијата, социјалата итн.

Мислења, ставови и предлог-решенија и на западните и на источните земји,
преку највисоките дипломатски претставници во државава, во врска со статусот на руско-украинскиот судир и последиците од него

Почитувани,

Долу се објавуваат најважните одредби од Заедничката руско-кинеска изјава, потпишана од претседателите Владимир Путин и Си Џинпинг на 21 март годинава, за време на државната посета на кинескиот лидер во Москва, кои можат да бидат од интерес за читателите на „Нова Македонија“ и пошироко.

Заедничка изјава на Руската Федерација и Народна Република Кина за продлабочување на сеопфатното партнерство и стратешка соработка, што влегуваат во нова ера

… Руската Федерација и Народна Република Кина, понатаму во текстот како Страни, го изјавуваат следново.

I
Руско-кинеските односи на сеопфатно партнерство и стратешка соработка, што влегуваат во нова ера, благодарение на доследни напори на страните, достигнаа највисоко ниво во нивната историја и продолжуваат да напредуваат…
Страните забележуваат дека односите меѓу Русија и Кина, иако не се воено-политички сојуз…, jа надминуваат оваа форма на меѓудржавна интеракција, немаат блоковска и конфронтациона природа и не се насочени против трети земји. Руско-кинеските односи се зрели, стабилни, самодостаточни и крепки, … не се подложени на надворешно влијание, демонстрираат виталност и позитивна енергија. Пријателството на двата народа, пренесено од колено на колено, има цврста основа, а сеопфатната соработка меѓу двете држави има најшироки перспективи. Русија е заинтересирана за стабилна и просперитетна Кина, а Кина е заинтересирана за силна и успешна Русија.
Сметајќи се како приоритетни партнери, Страните непроменливо покажуваат меѓусебна почит и соработуваат на рамноправна основа, претставувајќи образец на односи меѓу големи држави во современиот свет. Со водечката улога на дипломатија на лидерите, Страните… ја зајакнуваат меѓусебната доверба, постојано обезбедуваат квалитетно унапредување на билатералните односи на високо ниво и ја изразуваат својата подготвеност за натамошно продлабочување на меѓудржавните односи и развивање механизми за дијалог во различни области.
Страните ја забележуваат брзата природа на промените што се случуваат во светот, длабоката трансформација на меѓународната архитектура, неповратноста на таквите историски тенденции како мир, развој, соработка и заедничка добивка, го забележуваат забрзувањето на процесот на воспоставување на мултиполарниот светски поредок, … растот на бројот на регионални држави кои влијаат на глобалните процеси и демонстрираат желба да ги бранат своите легитимни национални интереси. Во исто време, сè уште се широкораспространети манифестациите на хегемонизам, унилатерализам и протекционизам. Неприфатливи се обидите да се заменат универзално признаените принципи и норми на меѓународното право со „поредок заснован на правила“.
Одржливоста на мултиполарниот модел и обезбедувањето одржлив развој на држави зависат од неговата универзална отвореност и земање предвид на интереси на сите земји без исклучок… Русија и Кина ги повикуваат сите земји да промовираат такви универзални вредности како мир, развој, еднаквост, правда, демократија и слобода, да се води дијалог, а не да се влегува во конфронтација, да реализира инклузивен, а не ексклузивен пристап, мирно да коегзистира, да има заемно корисна соработка, да го стимулира мирниот развој на светот.
… Страните одржуваат тесна надворешна политичка координација и интеракција на мултилатерални платформи, одлучно поддржувајќи ги еднаквоста и правдата, промовирајќи ја изградбата на нов тип меѓународни односи.
Страните нагласуваат дека зајакнувањето и продлабочувањето на руско-кинеските односи… се стратешки избор независен од надворешно влијание, заснован на националните специфики на секоја од Страните, им одговара на интересите на двете држави и нивните народи, им соодветствува на современите тенденции на развој и не е подложен на влијание на надворешни фактори.
Страните имаат намера:

  • … секогаш да се обезбеди вистинскиот курс за развој на билатералните односи;
  • да обезбедуваат одлучна заемна поддршка во заштита на меѓусебните основни интереси, пред сè на суверенитетот, територијалниот интегритет, безбедноста и развојот;
  • …континуирано да продлабочуваат и прошируваат практична соработка во процесот на модернизација, со цел заеднички развој и просперитет…;
  • да се промовира меѓусебното разбирање и зближување меѓу народите на двете земји…;
  • да се промовира мултиполарен светски поредок, економска глобализација и демократизација на меѓународните односи….

II
Страните забележуваат дека секоја држава има свои историски, културни, национални карактеристики и има право самостојно да го избере својот пат на развој. Нема „виша демократија“. Страните се спротивставуваат на наметнувањето од една држава на нејзините вредности на други држави, … на создавањето лажен наратив за таканаречената конфронтација меѓу демократиите и автократиите, на користење демократија и слобода како изговор и политичка алатка за притисок врз другите држави…
Страните забележуваат дека универзалното остварување на човековите права е заеднички стремеж на човештвото. Секоја држава има право самостојно да го избере патот на развој во областа на човековите права. Различни цивилизации и земји треба да се почитуваат и прифаќаат едни со други, да комуницираат и да го позајмуваат најдоброто. Страните постојано ќе ги промовираат човековите права на национално и на глобално ниво…

Страните се против мешање на надворешни сили во внатрешни работи.

Руската Страна го потврдува своето придржување до принципот „една Кина“, признава дека Тајван е неодвоив дел на НР Кина, е против независноста на Тајван во која било форма и цврсто ги поддржува дејствата на Кинеската Страна за заштита на нејзиниот државен суверенитет и територијален интегритет…
Страните се согласија да… ја зголемат соработката во областа на спроведување на закон со цел да се спротивстават на „шарени револуции“, на „трите сили на злото“, … на прекуграничен организиран криминал, економски кривични дела и злосторства поврзани со дрога.
Страните редовно ќе спроведуваат заеднички поморски и воздушни патроли и заеднички вежби, ќе развиваат размена и соработка, ќе ја продлабочуваат заемната доверба меѓу вооружените сили на двете земји…

III
Страните имаат намера да направат координирани насочени напори за ефективно подигнување на нивото и обезбедување на вистински стратешки карактер на практична интеракција во сите области…
Страните ќе придонесат за зајакнување на тенденции на раст на билатералната трговија, постепено подобрување на нејзината структура, … ќе идентификуваат нови точки на раст, … ќе работат за минимизирање на негативното влијание на надворешните ризици врз неа, за обезбедување на безбедноста на производни, снабдувачки и логистички синџири…
Страните имаат намера да спроведат уште поблиско партнерство во енергетскиот сектор, … во спроведувањето проекти за енергетска соработка…, како и на иницијативи кои придонесуваат за намалување на емисиите на стакленички гасови… Страните заедно ќе ја штитат меѓународната енергетска безбедност (вклучувајќи ја и критичната прекугранична инфраструктура), … ќе промовираат фер енергетска транзиција и развој со ниска потрошувачка на јаглерод, земајќи го предвид принципот на технолошка неутралност…
Кинеската Страна го поддржува унапредувањето на интегративните процеси во рамките на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), Руската Страна ја поддржува иницијативата „Еден појас, еден пат“. Страните вложуваат активни заеднички напори за поврзување на развојните планови на ЕАЕУ и на иницијативата „Еден појас, еден пат“…
Страните го потврдуваат својот фокус на… координирано формирање на Големото евроазиско партнерство и изградба на „Еден појас, еден пат“…

Во врска со овие дилеми, како и за сегашната искажана „позиција за нерешливост на конфликтот“ (?!), што недвосмислено води кон комплицирање на функционирањето на меѓународниот поредок и очигледна дисфункционалност на европскиот систем, и за предизвикот дали воопшто во радарот е детектиран ефикасен механизам за решавање и надминување на овие состојби, прашања испративме до повеќе дипломатски претставништва во Македонија, меѓу кои и на САД, Германија, Франција, Унгарија,.претставништвото на ЕУ итн. Во очекување на нивните одговори, денеска ви го презентираме добиениот материјал од руската амбасада, кој го објавуваме во целост.

IV
Страните се противат на политизација на меѓународната хуманитарна соработка, на дискриминација на претставници на сфери на култура, образование, наука, спорт по која било основа…
Страните… заедно… ќе се спротивстават на обидите за усвојување правно обврзувачки механизми што ограничуваат суверенитет на земји во областа на профилактика и контрола на заразни болести, превенција и одговор на биолошки закани. Страните се противат на политизација на спортот и се надеваат на користење на уникатната улога на физичката култура и спортот за промовирање солидарност и мир…

V
Страните ја потврдуваат подготвеноста одлучно да го бранат меѓународниот систем во кој ОН играат централната улога, светскиот поредок заснован на меѓународното право и основните норми на меѓународните односи базирани на целите и принципите на Повелбата на ОН; се спротивставуваат на сите форми на хегемонија, еднострани пристапи и политика на моќ, идеологијата на студена војна, конфронтација на блокови и создавање на тесни формати насочени против одредени земји.
Во овој контекст, Руската Страна го забележува позитивното значење на концептот на Кинеската Страна за градење „заедница со единствената судбина за човештвото“ со цел да се зајакне солидарноста на светската заедница и да се обединат напорите во одговорот на заеднички предизвици. Кинеската Страна позитивно ги оценува конструктивните и доследни напори на Руската Страна за формирање праведен мултиполарен систем на меѓународни односи…
Страните се длабоко загрижени за сериозните предизвици во областа на меѓународната безбедност и излегуваат од фактот дека судбините на народите на сите земји се меѓусебно поврзани, ниту една држава не треба да ја обезбедува својата безбедност на сметка на безбедноста на други држави. Страните ја повикуваат меѓународната заедница да… земе активно учество во глобалното управување на безбедност, ефикасно да ја зајакне глобалната стратешка стабилност и да обезбеди сестрана, сеопфатна, одржлива безбедност заснована на соработка, користејќи релевантни меѓународни механизми, вклучувајќи инструменти за контрола на вооружување, разоружување и неширење на оружје за масовно уништување…Еден од централните столбови на меѓународната безбедност треба да станат договорени… принципи и параметри на мирен соживот во сегашната историска фаза, што би овозможило да се минимизира потенцијал за конфликти во меѓудржавни односи. Конфликти меѓу постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, кои имаат посебна одговорност во одржувањето на мирот и глобалната стабилност, треба да се избегнуваат до максимален можен степен.
Страните го осудуваат тероризмот во сите негови форми, ја промовираат идејата за создавање единствен глобален антитерористички фронт со централна координативна улога на ОН, се спротивставуваат на политизација и двојни стандарди во борбата против тероризмот и екстремизмот, ја осудуваат практиката на мешање во внатрешни работи на држави под изговор на борба против меѓународниот тероризам и екстремизам, како и обиди за употреба на терористички и екстремистички групи за геополитички цели. Страните се залагаат за објективна, непристрасна, професионална истрага на експлозиите на гасоводите „Северен тек“.
Страните се целосно решени да ја продолжат блиската соработка за прашања од регионалната и глобалната безбедност, … да вложат напори за заштита на мирот и безбедноста во целиот свет.
Страните воспоставија ефикасна соработка во билатерални и мултилатерални формати за борба против пандемијата на нова инфекција на коронавирус ковид-19, за заштита на животот и здравјето на населението во двете земји и народите во светот… Страните заедно се спротивставуваат на намерите и обидите да се политизира прашањето за потеклото на вирусот.

VI
…Страните се спремни, заедно со другите членки на асоцијацијата [БРИКС], да ги спроведат договорите постигнати за време на изминатите самити на БРИКС, да ја продлабочат практичната соработка во сите области, активно да промовираат дискусии за проширување на БРИКС и зголемување на бројот на акционери на новата Банка за развој…
Страните најостро ја осудуваат политизацијата на мултилатерални платформи и обидите на одредени земји да вклучат непрофилни прашања во нивна агенда…

VII
Нагласувајќи ја важноста на Заедничката изјава на лидерите на петте држави со нуклеарно оружје за спречување на нуклеарна војна и на трка во вооружување, Страните уште еднаш изјавуваат дека не може да има победници во нуклеарна војна и таа никогаш не смее да се започне. Страните ги повикуваат сите земји кои ја потпишаа Заедничката изјава да ги следат во пракса нејзините клучни постулати, вклучително и… да го намалат ризикот од нуклеарна војна и каков било оружен конфликт меѓу државите кои поседуваат нуклеарно оружје… Сите нуклеарни држави не смеат да разместуваат нуклеарно оружје надвор од нивните национални територии и мора да го повлечат целото нуклеарно оружје разместено во странство.
Страните потврдуваат дека Договорот за неширење на нуклеарното оружје е камен-темелник на меѓународните механизми за нуклеарно разоружување и меѓународниот режим за неширење нуклеарно оружје. Страните ја потврдуваат својата посветеност на нивните обврски од овој Договор…
Страните изразуваат сериозна загриженост за последици… за стратешката стабилност во Азиско-Пацифичкиот Регион во врска со создавањето на трилатерално безбедносно партнерство (AUCUS) меѓу САД, Обединетото Кралство и Австралија и нивните планови за изградба на нуклеарни подморници. Страните силно ги повикуваат членовите на ова партнерство строго да ги почитуваат своите обврски за неширење на оружјето за масовно уништување и нивните средства за испорака…
Страните ја потврдуваат потребата од строго почитување на… Конвенцијата за забрана на развој, производство и складирање на бактериолошко (биолошко) и токсично оружје и за нивно уништување… Страните изразуваат сериозна загриженост за воено-биолошките активности на САД кои се вршат на нивната национална територија и надвор од неа…, бараат од САД да дадат појаснување за оваа работа…
Страните се посветени на целта да се изгради свет без хемиско оружје и се длабоко загрижени поради политизацијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје. Страните инсистираат на тоа дека САД, како единствена држава-членка на Конвенцијата за хемиско оружје која не го завршила процесот на уништување на резервите на хемиско оружје, треба да ја забрзаат неговата елиминација…
Русија и Кина ја изразуваат својата загриженост поради интензивирањето на напорите на САД за создавање на глобален систем за противракетна одбрана и распоредување на неговите елементи во различни региони во светот, во комбинација со зголемување на потенцијалот на високопрецизно ненуклеарно оружје…, како и стремежот на САД да распоредат копнени ракети со среден и помал дострел во Азиско-Пацифичкиот и Европскиот Регион… Страните ги повикуваат САД да престанат да ја поткопуваат меѓународната и регионалната безбедност и глобалната стратешка стабилност со цел да ја обезбедат својата еднострана воена предност.
Русија и Кина се противат на обидите на одредени земји да ја претворат вселената во арена на оружена конфронтација… Страните ја повторуваат потребата за започнување што е можно поскоро на преговори за создавање мултилатерален правно обврзувачки инструмент врз основа на руско-кинескиот нацрт-договор за спречување на распоредување оружје во вселената, употреба на сила или закана со сила во однос на вселенските објекти… Страните се залагаат за глобализација на меѓународната иницијатива/политичката обврска да не бидат први за сместување на оружје во вселената…

IX
Страните сметаат дека мора да се почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН и да се уважува меѓународното право. Руската Страна позитивно ја оценува објективната и непристрасна позиција на Кинеската Страна за украинското прашање. Страните се спротивставуваат на која било држава и нивни блокови, кои имаат цел да добијат воени, политички и други предности, да им наштетат на легитимните интереси на другите земји во областа на безбедноста. Кинеската Страна позитивно ја оценува подготвеноста на Руската Страна да вложи напори за поскоро повторно започнување на мировните преговори.
Русија ја поздравува подготвеноста на Кина да игра позитивна улога во политичко-дипломатското решавање на украинската криза и конструктивните размислувања наведени во документот подготвен од Кинеската Страна, „За позицијата на Кина за политичкото решавање на украинската криза“.
Страните забележуваат дека за решавање на украинската криза неопходно е да се почитуваат легитимните грижи на сите земји во областа на безбедноста и да се спречи формирање на блоковска конфронтација, да се запрат дејства што дополнително го поттикнуваат конфликтот.…
Страните повикуваат на прекин на сите чекори кои придонесуваат за ескалација на тензиите и продолжување на воените дејства, за да се избегне… деградација на кризата до нејзино преминување во неконтролирана фаза. Страните се противат на сите еднострани санкции, воведувани заобиколувајќи го Советот за безбедност на ОН.
Страните инсистираат НАТО строго да ги почитува обврските кои се однесуваат на регионалниот и одбранбениот карактер на споменатата организација. Страните го повикуваат НАТО да го почитува суверенитетот на други држави, нивната безбедност и интереси… Страните изразуваат голема загриженост поради тековното зајакнување на врските на НАТО со земјите од Азиско-Пацифичкиот Регион… како и поткопување од страна на Организацијата на регионалниот мир и стабилност. Страните се против формирање затворени ексклузивни блоковски структури во Азиско-Пацифичкиот Регион… Русија и Кина се посветени на градење рамноправен, отворен и инклузивен безбедносен систем во Азиско-Пацифичкиот Регион, кој не е насочен против трети земји…