Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за РТС изјави дека нема да разговара со премиерот на приштинските привремени институции Албин Курти во Брисел. Ќе разговара со шефот на европската дипломатија Жозеп Борела, но не и со Курти.
Претседателот рече дека не ја разбира поентата на одењето во Брисел, но оти денес оди таму само за да не кажат зошто не дошол.
– Никогаш не сум поставувал услови за да разговарам – рече Вучиќ.
– Разговорот со Курти нема смисла, тој ни држи предавања за филозофија, малку за Демачи, малку за Маркс и тоа е се. Се друго се однесува на прогонот на Србите и предавања за внатрешно-политички прашања во централна Србија – рече Вучиќ.
Тој исто така додаде дека Србија е во тешка ситуација и под голем притисок.
Започнале апсења јужно од Ибар,со единствена цел, да ги протераат Србите од Косово и Метохија.
Вучиќ кажа дека офицер за врски ги посетил уапсените Срби и дека ќе однесе извештај за нивната здравствена состојба во Брисел, додавајќи дека еден од уапсените има видливи повреди, при апсењето бил претепан, го малтретирале и пцуеле по национална основа.