Прилепското основно јавно Прилеп донесе побара истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, а во врска со сообраќајна несреќа што се случи на 9 јуни на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп.
Против осомничениот 26-годишник досега се водеше постапка за предизвикување сообраќајна несреќа од полесен квалификаторен облик и по предлог на обвинителството му беше определена мерка куќен притвор во траење од осум дена. Но, во текот на предистражната постапка се прибавиле докази, велат од Обвинителството, кои упатувале на основано сомнение дека тој сторил потешко кривично дело против
безбедноста на јавниот сообраќај, па надлежниот јавен обвинител отворил истрага и
доставил предлог да му биде определена мерка притвор.
Според доказите, на критичниот ден, тој управувал патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, иако не ја поседувал потребната здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило – без очно
помагало поради намалена видна функција за 50 отсто (бинокуларно гледање). Спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движел со брзина од 74,2 километри на час (км/ч) на место каде максимално дозволена брзина на движење изнесува 50 км/ч.
– Возилото не го држел што поблиску до десниот раб на коловозот, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Кога пристигнал наспроти фабриката „Металец“ во Прилеп со тркалата од десната страна на возилото
излегол надвор од површината од десниот раб на коловозот, односно на земјеното
проширување, па со предниот десен дел од возилото удрил во задното тркало од велосипед марка „Ендуро“ управуван од оштетената – сега починатата 42-годишна велосипедистка. Во моментот на ударот таа стоела со велосипедот на земјеното проширување покрај десниот раб од коловозот, а како последица од ударот била отфрлена на тревната површина од десната страна од коловозот. При ударот оштетената добила тешки телесни повреди кои резултирале со смртна последица, а возачот на автомобилот ја оставил без помош и веднаш го напуштил местото на несреќата – се вели во соопштението од обвинителството.
Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена. Истрагата е во
тек. Ка.М.