Косовскиот премиер Албин Курти добил писмо во кое од него се бара да ги деескалира тензиите на северот на Косово. Писмото е од францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Џорџо Мелони.
Писмото е слично на одговорот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, до Курти објавено во средата, но без детални барања – пренесуваат косовски медиуми.
Владата во Приштина се уште не испратила известување за добиеното писмо или за неговата содржина.
Според „Газета“, писмото на Борел содржело конкретни барања до Курти – да повлече двајца градоначалници на северот од општинските канцеларии, да ја повлече полицијата од општините и да распише предвремени избори.