Денеска во попладневните часови на повеќе места локално се очекуваат краткотрајни поројни врнежи од дожд кои е можно да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во предупредувањето од УХМР се наведува дека е можно дождовите да предизвикаат и локални проблеми во дел од населените места, посебно во северо-западниот дел на земјата, односно Кумановскиот регион, Скопскиот регион и Тетовско-Гостиварскиот регион.
-Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, како и на сите оние места каде локално во попладневните часови ќе има интезивни врнежи од дожд – велат од УХМР.