Второто издание од фестивалот на класична музика „Класичен меѓународен фестивал Струмица 2023“, на кој најголемиот дел од програмата ќе биде посветен на камерната музика, почнува денеска и ќе трае до 9 јуни на неколку локации во Струмица.
– Идејата беше поттикната од нас, група професионални музичари од Филхармонијата, Операта и колеги од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, оформени во здружение на граѓани со наслов на фестивалот, а со цел да направиме еден интересен фестивал, единствен од таков вид кај нас, презентираjќи претежно камерна музика во различни состави. Идејата за фестивалот со задоволство ја прифатија и ја поддржаа градоначалникот на градот и Сове-тот на Општина Струмица, со цел фестивалот да стане традиционален, за што им благодари-ме за поддршката – ни изјави проф. м-р Васил Атанасов, селектор на фестивалска програма на „Класичниот меѓународен фестивал Струмица 2023“.
Свечено отварање на фестивалот е вечерва во 20 часот во фоаето на НУЦК „Антон Панов“. Поздравна реч ќе има проф. м-р Васил Атанасов и г-дин Костадин Костадинов, градоначалник на град Струмица.
Фестивалот ќе го отвори дуото „Селена“ – келтски харфи (Р Бугарија). Дуото го сочинуваат Кохар Андонијан и Лилијана Стоева.
Лилијана Стоева е родена на 12 декември во Софија. Дипломирала на НМУ во 2004 година со насока харфа, во класата на д-р Кохар Андонијан. Своето образование го продолжил на Новиот бугарски универзитет кај проф. Малина Христова, проф. Сузана Клинчарова и д-р Кохар Андонијан,каде дипломира во 2017 година, а покасно во 2022 година и магистрира.
Од 2018 година работи како наставник по харфа во Националното музичко училиште „Л.Пипков“. Лилијана Стоева има награди и дипломи од меѓународни натпревари и мастер класи.
Кохар Андонијан е роденa во Софија, Бугарија. Во 1990 г дипломиралa на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ насока харфа и педагогија во класата на професорката Малина Христова. Од 1990 г до 1992 година работелa како оркестарски солист во оркестарот на Музичкиот театар „Стефан Македонски“. Од 1993 година до денес е наставник по харфа и камерна музика во Националното музичко училиште „Љубомир Пипков“. Кохар Андониан е добитник на многу награди за педагошки достигнувања, како и титулата „Амбасадор на мирот“ од УНЕСКО.