По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетното момче (13), кој го извршил масовното убиство, соопштуваат од Владата на Србија.
-Токму затоа бараме од сите медиуми со должно внимание да се однесуваат кон овие информации и да не објавуваат непроверени и непотврдени информации, бидејќи со тоа продолжува процесот на трауматизирање на децата и родителите – велат од српската Влада.
Владата им се заблагодари на родителите, наставниците и на сите вработени во образовниот систем за разбирањето и поддршката.
Пред околу три недели девет ученици и еден чувар беа убиени од тринсесетгодишникот Коста Кецмановиќ во ова белградско училиште.