Утре, на 30 мај 2023 година во малиот салон на Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“, во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба насловена „Фрагменти“ на Билјана Билбилоска. Ќе бидат претставени слики изработени во акрилна и маслена техника.
Тематски изложбата ги преиспитува основните ликовни принципи и постулати.
-Оваа изложба го раскажува наративот на формализмот во уметноста на еден современ начин, го владее реконструирањето на взаемните комуникации на боите и формите, и нивното меѓусебно влијание. Прашањата кои ќе ги постави, исто така, гравитираат околу тоа колку формата ја одредува бојата и во која мера бојата ја менува формата, ги преиспитува границите на полнотата на боите и нивната промена и минливост предизвикана од поставувањето на бојата во рамките на обликот и на линијата – вели Билбилоска.
Изложбата, поддржана од Министерство за култура, ќе трае десет дена.