Фото: М.М.
Со одлука на редакцијата на Битолски весник, најстариот локален печатен медиум во државата, кој на 29 април наполни 59 години од излегувањето на првиот број, наградата за новинарство за 2023 година, која го носи името на покојниот новинар, на Радио Скопје од Битола, Тоде Петревски, која 19 години по ред, по неговата смрт  традиционално ја доделува Битолски весник е новинарката Маја Богоевска.
Маја Богоевска е дипломиран новинар на Интердисциплинираните студии по новинарство на Правниот факултет при УКИМ Скопје.

Својата новинарска кариера ја почна во 2003 година во локалната телевизија ТВ „Тера”, каде работеше до 2022 година.

Маја Богоевска беше и дописник за националната телевизија ТВ Сител.
Неколку години беше дописник за Радио Канал 77, како и за веб страницата Македонски медиа сервис. Од неодамна основач е на Битолскиот  онлајн магазин „Читај бе”.

Признанието на Битолски весник, на Маја Богоевска свечено ќе и биде врачено утре на 30 мај во  присуство на членовите на семејството на Тоде Петровски, на свеченоста која ќе се одржи  во Амфитеатарот на Славјанскиот универзитет во Битола.
M.M.