Фото: Пиксабеј

Чоколадните залачиња со јагоди се многу вкусни и едноставни за подготовка, а ќе ви одземат само десетина минути. Особено корисни во ситуации кога итно ви се најавуваат гости, а вам ви треба брз и здрав десерт без шеќер и глутен, пишува „Кликс“.

Јагодите ги преплавија полиците во супермаркетите и тезгите на локалните пазари, па ако ви здодеа да ги јадете свежи – со нив може да подготвите едноставен десерт.

Ви требаат само три состојки: јагоди, павлака по ваш избор, како и чоколадо.

Состојки:

300 грама јагоди

чаша павклака

100 грама темно или бело чоколадо

морска сол по желба

декорација по желба

Подготовка:

Јагодите треба да се исчистат и исечат на коцки. Во садот додајте ја павлаката, потоа сечканите јагоди и соединете.

Од смесата направете посебни топчиња и оставете ги на плех покриен со хартија за печење. Формираните топчиња ставете ги во замрзнувач додека не се стврднат. Ќе добијат интересни неправилни форми.

Чоколадото растопете го на пареа, па потопете ги топчињата во него и оставете ги во замрзнувач за повторно убаво да се стегнат. По желба посипете со морска сол, зашто таа додава посебен шмек во вкусот. Ако сакате да ги издекорирате дополнително, може да ги украсите со шлаг и парчиња јагоди или друго овошје.