Работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот на Македонија денеска одржа констититутивна седница.
Членовите, како што соопшти Министерството за правда, едногласно ги избрале претседателот и заменик-претседателот на работната група кои се од редот на експертите. За претседателка е Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик-претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.
Предлагач на уставните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да формира работната група. Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Македонија. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.
Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови се од институции, Кабинет на претседател, МНР и СЕП.
Министерот за правда Кренар Лога и неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ им посакаа успешна работа на членовите на работната група и им порачаа дека ова е историска шанса за остварување на нашата стратешка цел, членството во ЕУ, се наведува во соопштението на МП.