Во здраво тело здрав дух
Во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија минатиот четврток се одржа Државното првенство во футсал за средни училишта во машка конкуренција, на кое учествуваа победничките екипи на регионалните натпревари на трите региони. Домаќин на Државното првенство во футсал беше Општинскиот сојуз на училишен спорт од Гевгелија, под покровителство на Федерацијата на училиштен спорт на Република Македонија.
На меѓусебните одиграни натпревари на трите екипи беа постигнати следните резултати: СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија – СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола 3:3; СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола – ДУФК „Методи Митевски-Брицо – Скопје 5:3; СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија – ДУФК „Методи Митевски-Брицо – Скопје 11:2.
Победник на ова Државно првенство и средношколски шампион во футсал во машка конкуренција е екипата на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, предводена од професорот Никола Караколев.
Љ.А.