Најмалото колибри живее на Куба и тежи само 1,8 грам!

Дали сте знаеле…

Колибри е најмалата, најбрза и најсилна птица на светот. Тоа може да ги движи крилата независно едно од друго и може да ги врти во круг. Тоа му дозволува движење напред-назад, лево-десно, нагоре-надолу, а може и да лебди во воздух. Колибрито е единствената птица со таква способност.
Јајцето на колибрито е најмало птичјо јајце на светот. Исто така најмала птица на светот е кубанското колибри, со висина до 5 сантиметри и тежина од само1,8 грам! Најголемите, пак, достигнуваат и до 25 сантиметри, а сѐ на сѐ има околу 300 вида.
Замавот на крилата им е дури 80 пати во секунда, а можат да развијат брзина од 100 километри на час. Нивното срце отчукува 400-500 пати во минута, што е најбрзо во целиот животински свет. Вдишуваат 250-300 пати во една минута и користат 20 пати повеќе кислородот од едно врапче, кое за нив е вистински џин.
Во текот на денот посетуваат околу 2.000 цвета и може да опрашат 27 цвета за една минута. Секој вид има различен клун, во зависност кои цветови ги посетува.