Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во Министерството за здравство (МЗ) денес беа примени на разговор претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациенти со цистична фиброза и родители на деца со цистична фиброза.

-Целта на дискусијата беше запознавање со процесот со кој М3 веќе активно работи на изнаоѓање сеопфатно решение за овие пациенти. За таа цел е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот. Претставници од асоцијацијата, исто така, ќе бидат повикани и на состанок со работната група за директно да бидат вклучени и запознаени со предизвиците и чекорите потребни за да се стигне до решение за оваа ранлива категорија – информираат од министерството.