Директорот на битолската клиничка болница, д-р Александар Обедниковски, утре, 11 април, ќе поднесе оставка од морални причини. Без детално објаснување, Обедниковски, за неколку македонски медиуми, кусо потврдил дека утре заминува од функцијата.
-Причините за оставка се исклучиво од морална природа изјави Обедниковски.
Според новинската агенција Макфакс, директорот на болницата бил охрабрен од Кабинетот на министерот за здравство да поднесе оставка, и, како што изјавиле од Министерството, очекуваат оставката да ја добијат и во писмена форма.
Александар Обедниковски е директор на битолска болница од мај 2022 година, а како специјалист-ортопед работи таму од 2014 година.
Минатиот месец, во Битола почина и шестгодишната Јана Христовска, чии родители се сомневаат во лекарска грешка, а обвинителството го чека наодот од обдукцијата, за да одлучи дали ќе поднесе обвинение.