Верижен судир се случи вечерва во Влае, пред мостот „Влајко“, објавува „Макфакс“. Во сообраќајката се судрија четири возила марка „рено“, „ситроен“ и „голф“. Причинета е материјална штета. Несреќата е пред семафорите на булеварот „Партизански одреди“. На терен има и полиција, која прави увид. Неофицијално, нема повредени лица.
Ова не е единствена сообраќајка вечерва. На околу половина километар подалеку, имало друга незгода помеѓу три возила, по кружниот тек кој води кон пазарчето во Ѓорче Петров. Возачите наместо со полиција, несреќата ја решија со пополнување на европски договор.
Врнежливото време вечерва предизвика проблеми за возачите. Сообраќајки имаше и надвор од Скопје, но заега, нема информации за повредени.