Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани кинескиот претседател да ја посети Украина, објави утрово Асошиетед прес.
– Подготвени сме да го пречекаме овде – рече Зеленски во интервју за новинската агенција.
Си Џинпинг не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, но Кина минатиот месец објави план од 12 точки за „политичко решение на украинската криза“.
Си разговараше за конфликтот со „неговиот драг пријател“, рускиот претседател Владимир Путин, за време на државната посета на Москва минатата недела, иако разговорите не покажаа напредок за тоа како да се стави крај на војната.
Кинескиот предлог вклучува повик за деескалација и прекин на огнот во Украина.
Но, САД го отфрлија предлогот, велејќи дека Кина нема кредибилитет бидејќи одби да ја осуди Русија за нејзината инвазија на Украина.
Соединетите Држави велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги консолидира руските територијални придобивки и ќе и даде на војската на Путин повеќе време да се прегрупира.
Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија – пренесе Индекс.хр.