Песот Златко и ластовиците
На телефонските жици
Како на петолиние ноти
Се наредиле ластовици
Песот Златко ги лае
Не посетувал часови по музика
Па не може да сфати
Најубавата песна на пролетта
Од страв ќе му одлетува
Жабите и штрковите
Во паника се жабите
Доаѓаат штрковите
Не им е по мерка
веста зашто
Од пролетта,
па сѐ до есента
Нема да им е до песна
За спас на барите
Само што во
старите гнезда
Се вратија штрковите
Жабите на Пролетното
собрание
Проглас објавија:
„Забрането е влегување во барите
На оние на кои вкусен оброк
Им се жабите!“
Штркот Клечеко
Штом штркот Клечко,
Откако се врати во селото,
Не си го најде старото гнездо
Тажен тргна совет да побара
Од жабите во најблиската бара
Ги проголта сите до една
Па, тргна по помош
Во барата следна