РАКОМЕТ – БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за двата натпревара што Македонија ќе ги игра против Украина во баражот за пласман на Светското првенство (СП) годинава во Норвешка, Данска и во Шведска. На првиот дуел во Скопје, на 8 април (19 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“, правдата ќе ја делат словачките судии Борис Чипов и Зоран Клус. На реваншот во унгарскиот град Кишварда, на 11 април (17 ч.), судиската арбитража им е доделена на Австријките Ана Врањеш и Марлис Венингер. Вкупниот победник на двата натпревара патува на СП 2023. Македонија досега пет пати настапила на СП, претходен пат во Франција во 2007 (12. место), а најдобриот пласман го оствари во Германија, во 1997 година, на седмото место. Украина седум пати досега била дел од мундијалите, најдобриот пласман ѝ е четвртото место во Хрватска во 2003 година. Г.И.