Во текот на првите два месеци од 2023 година на подрачјето на СВР Битола поради недозволена трговија со дрога од слобода биле лишени 62 лица од кои 40 во Битола и 22 во Прилеп.
Кај дилерите пронајдени се и одземени марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, метамфетамин, таблети МДМА…
Во овој период биле извршени 13 претреси на домови и други простории од кои осум во Битола и пет во Прилеп и биле извршени 97 прегледи на лица и возила во Битола.
Против дел од нив поднесени се вкупно 24 кривични пријави за сторени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, (Битола-14, Прилеп 9, Крушево 1) а за 29 кривични дела поднесени се кривични пријави против 35 сторители (Битола 22, Прилеп 10, Крушево 3).
Загрижува тоа што меѓу дилерите на дрога се јавуваат се повеќе млади луге, а расте и бројот на малолетни конзументи на дрога.
Од полциијата велат дека нема да запрат со ваквите акции за откривање и санкционирање на дилерите на дрога, и со уште поголем интезитет ќе настојуваат да ги приведат кон лицето на правдата.