Фото: M.M.

Блок 3 на РЕК “Битола“ попладнево е исклучен од мрежата заради сервисни активности на опремата во постројката. Интервенцијата се реализира во период кога
временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа.

-Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет – се вели во соопштението на РЕК “Битола“.

М.М.